Камерон ќе ги строи административците

Над 3.000 бирократи на Европската Унија заработуваат повеќе отколку британскиот премиер. Не за долго.

Околу 7% од вкупниот број на службени лица (или точно 3.325 администратвци) на Унијата годишно заработуваат повеќе од 142.000 фунти, колку што е платата на Камерон. Во оваа бројка не се влезени 27-те комесари на ЕУ, кои годишно заработуваат над 219.000 фунти + џепарлак.

Освен платата, Еврократите имаат и сериозни бенефиции, како додатоци на платата за образование на нивните деца и 18 денови годишно за нивните државни празници.

Камерон минатата недела на самитот по повод 7-годишниот буџет на унијата, побара под итно буџетот на администрацијата на ЕУ да се намали од 56 милијарди евра на 10 милијарди евра. Наспроти него, администрацијата бараше качување на буџетот на 63 милијарди евра.

Самитот не успеа, откако 27-те земји членки не постигнаа договор.

26 ноември 2012 - 09:30