Кај има избори, таму има и пари на Сорос

Џорџ Сорос „уплатил“ 128 милиони долари на кладилницата наречена американски „mid-term“ избори (генерални избори кои се одржуваат некаде на средина на мандатот на претседателот). Дал убедливо најмногу од сите големи донатори, се разбира, за Демократите. Но, и оние другите не се за жалење. 

На листата мега-донатори и овојпат предничи Џорџ Сорос, кој за Демократите дал речиси 60 милиони долари повеќе отколку второпласираните кои се „кладеле“ на Републиканците. Најголем дел од топ осумте донатори инвестирале во Републиканската партија, покажуваат податоците од Федералната изборна комисија

Сорос на Демократите досега им дал 128 милиони долари. За Републиканците, 70,2 милиони долари одвоиле Елизабет и Ричард Уихлеин, кои имаат компанија за пакување и транспорт. Менаџерот на хеџ фондови Кенет Грифин потрошил 65,9 милиони долари на истиот табор. Најмлад е Сем Бенкман-Фрид, 30 години, кој заработи милиони од криптовалути. Тој е за Демократите.

Но, тоа ни приближно не се единствените пари кои се слеваат во американските избори. Според НПР, за закуп на медиумски простор веќе се влезени уште 1,6 милијарди долари, од тн надворешни групи кои имаат малку допирни точки со транспарентноста. Од нив, една милијарда одат за републиканските кандидати.

3 од 4 долари дадени за ТВ реклами одат во само шест држави - Џорџија, Пенсилванија, Аризона, Висконсин, Невада и Охајо.

Се чини дека годинава ќе биде срушен рекордот на прибрани средства за „изборите на полувреме“ со оглед на тоа што според Open Secrets, за оваа утакмица досега се примени уплати од околу 2,5 милијарди долари. 

31 октомври 2022 - 10:33