Иран забрани одење на аџилак во Мека

Во едно од најсериозните распалувања на државно ниво меѓу Иран и Саудиска Арабија, Исламската република Иран објави дека забранува патување во Мека и Медина на сите свои граѓани. По пат блокираа и увоз на саудиски производи.

Ескалацијата следува откако Саудиска Арабија ги прекина дипломатските односи со Иран по нападот на саудиската амбасада во Техеран. Ова пак беше ескалација од егзекуцијата на шиитскиот свештеник шеик Нимр ал Нимр од страна на Саудијците заради неговото учество во проширување на арапската пролет во сунитски доминантната Саудиска Арабија.

Процената е дека годишно околу 600.000 Иранци одат на годишниот аџилак во Мека и Медина.

Претходно Иранците донесоа иста одлука во 1987-ма по судирите на демонстрантите и саудиските безбедносни сили кои завршија со стотици мртви. Забраната тогаш траеше 3 години.

Деновиве Иран ја обвини Саудиска Арабија дека намерно ја бомбардирале иранската амбасада во Јемен за време на неодамнешните воздушни напади.

8 јануари 2016 - 09:57