И во САД најпрофитабилно е да бидеш Влада

Знаете ли кој во САД направил повеќе пари од Шеврон (26 милијарди), Епл ( 41,7 милијарди) и Ексон (44,9 милијарди). Агенцијата која дава студентски кредити.

Администрацијата на Обама годинава предвидува дека ќе собере рекорден профит од 51 милијарда долари од луѓето кои имаат студентски кредити. Во февруари, процената беше на 35,5 милијарди.

Во последните 5 години Департманот за образование генерираше профит од речиси 120 милијарди долари од исплаќањето на студентските кредити. Главни две причини за високиот профит се релативните каматни стапки на кредитите и агресивните напори на одговорната агенција во собирањето на долговите.

Во наплатата дополнително помага што дури и во случај на личен банкрот, на лицата не им се бришат студентските долгови.

Моментално студентскиот долг изнесува 1.100 милијарди долари и е поголем од сите други видови на долгови на домаќинствата, со исклучок на хипотеките.

15 мај 2013 - 20:40