И од пајак има бетер

Секогаш е глупо да бидеш пијан додека возиш, иако далеку е поглупо да бидеш пијан додека возиш булдожер на паркинг.

Видеото се случува во Русија (не е познато точно каде во Русија), а во него пијан возач на булдожер прави ршум на два реда паркирани возила.

Кратко по ова, сопствениците на возилата стануваа свесни што им се случило и со ќотек го вадат возачот од кабината на булдоржерот.

Се на се, уништени се 7 возила. Не е познато како ќе заврши возачот.

4 септември 2012 - 12:51