И кинеските погреби нема да бидат тоа што се

До сега што било било, ама во иднина погребните церемонии во Кина ќе мора да поминат без стриптизети и стриптиз во чест на покојникот.

Минатиот месец излегоа фотографии од еден погреб во градот Хандан, на кој стриптизета се соблекува пред насобраните роднини и децата на покојникот. На погребот имало вкупно 6 стриптизети.

Кинезите повеќе децении години се обидуваат да ја стопираат праксата на стриптиз за време на погреб. Во 2006-та, државната CCTV спроведува истрага за новава традиција во провинцијата Џијангсу, и заклучокот е дека целта на канење стриптизети е да се привлече што е можно поголема публика на погребот - што се смета за предзнак за добра среќа во задгробниот живот.

Во истрагата телевизијата открива дека во секое село во провинцијата има барем една група што ги нуди овие услуги. Тие во просек имат околу 20 настапи месечно и наплќаат по 322 долари од настап.

Сега Владата најави закон со кој комплетно ќе се забрани стриптизот за време на погреби.

24 април 2015 - 14:33