Хрват е режисер на северно корејскиот документарец

Официјалната приказна е: дисидент бега од Северна Кореја и со себе го носи документарецот Пропаганда, направен од властите во Пјонгјанг кои во него (прилично точно) го прикажуваат животот на Западот. Документарецот му го предава на студент во Сеул, кој потоа го објавува на ЈуТјуб и се натаму е историја. Вистинската приказна е: документарецот го снима Хрват во Нов Зеланд.

Во интервју за телевизијата ТВ3 од Нов Зеланд, режисерот Славко Мартинов, објаснува дека документарецот (кој го спомнавме пред некој ден) е социјален експеримент кој треба да покаже како изгледа западниот свет за луѓето од надвор.

"Целиот документарец е социјален експеримент за пропаганда. Нашата единствена цел е да се бориме против пропагандата, користејќи пропаганда," објаснува Мартинов.

Објаснувањето на Мартинов околу целата измама (претставувањето на документарецот како северно корејски филм) е дека тоа било единствен начин за негова промоција, бидејќи во спротивно ниту еден меинстрим медиум не би се заинтересирал за него.

Документарецот кој бескомпромисно ги покажува сите мани на Западната цивилизација е комплетно изработен од клипови од ЈуТјуб, а единствен лик кој се појавува во него е Кореанец од Нов Зеланд.

ТВ прилогот со Маринов

PROPAGANDA (комплетниот документарец)



15 декември 2012 - 14:58