Главната разбирачка меѓу Кина и Саудиска Арабија е да не си се мешаат по дома

Круна на и онака историскиот договор што го постигнаа двете држави е дека тие „ќе се поддржуваат една со друга но во меѓувреме нема да си се мешаат во своите внатрешни работи.“

Заедничката изјава на двајцата претседатели има речиси 4.000 зборови и е со опсег од договор за нафта и безбедност, до Иран, војната во Јемен и руската инвазија на Украина.

За двете држави е исклучиво важно да ја нагласат „важноста на стабилноста на светските нафтени пазари“ и дека Саудиска Арабија е сигурен извозник на сирова нафта на Кина.

„Двете држави ќе продолжат да ги поддржуваат меѓусебните клучни интереси, меѓусебно ќе се поддржуваат во одржување на својот суверенитет и територијален интегритет, и ќе вложат заеднички напори за да го одбранат принципот на немешање во внатрешните работи на државите, владеењето на меѓународното право и основните принципи на меѓународните односи,“ пишува во изјавата.

Ова подразбира дека двете држави нема една на друга да ги критикуваат внатрешните политики, а Кина го потврдила и своето „противење на која било постапка која би се мешала во внатрешните работи на кралството Саудиска Арабија.“

Во пракса ова значи дека една од најмоќните муслимански држави во светот се откажала од секакво помагање и критикување на Кина околу правата на муслиманското ујгурско малцинство во земјата, и третманот на истите.

На одење, една од преќутените пораки за САД беше дека двајцата едвај се одвоија еден од друг:

13 декември 2022 - 11:30