Германија тестира над 50.000 луѓе секој ден

Со оваа стапка на тестирања од почетокот на ширењето на коронавирусот во Германија се опфатени речиси 920.000 лица.

Германија уште на почетокот се реши да оди на масовно тестирање на населението со антиген тестови кои се прават на луѓе со „благи симптоми и исклучиво по препорака на доктор“.

За разлика од нив држави како Британија, Франција и Шпанија го ограничија нивното тестирање само на многу болните лице, главно заради немање доволни капацитети или суровини за спроведување на тестовите. Во сите три држави посебно остри се критиките за недостатокот на тестирање на доктори и медицински сестри.

Само минатата недела во Германија се тестирани 354.000 лица, а препораката од здравствените експерти е дека бројката треба да се крене на 500.000 лица неделно. За споредба, Франција неделно врши 107 илјади тестови, додека Британците до сега имаат тестирано речиси 153.000 лица. Италија која е најтешко погодената европска држава до сега има спроведено нешто помалку од 550.000 тестови.

Една од разликите е што во Германија тестовите не се вршат само во болниците или амбулантите, туку и во специјални станици во кои луѓето се тестираат без да излегуваат од автомобил.

2 април 2020 - 13:30