Германија бесплатна

Откако и Долна Саксонија ја укина школарината сите факултети во Германија се бесплатни. Генерално ставот за партиципацијата им е - не е ферски.

"Партиципацијата посебно ги обесхрабрува младите луѓе кои доаѓаат од семејства што традиционално не се со академско минато. Клучна задача на политиката е да се осигури дека младите жени и мажи можат бесплатно и со високи стандарди да учат во Германија," објаснува Дороти Стапелфелт, сенаторката за наука од Хамбург.

Експериментот со укинувањето школарина почнува во 2006-та, откако сојузните влади, претежно во Западна Германија, одлучија да почнат да наплаќаат по 1.000 евра за школување. Ова им беше дозволено само откако Уставниот суд одлучи дека умерените школарини во комбинација со умерени камати за заеми, не ја прекршува посветеноста на Германија кон јавно образование за секого.

Во рок од 8 години секоја сојузна држава ја промени својата одлука, а "падот" на Долна Саксонија следуваше по поразот на Демохристијаните на ланските избори.

"Се отарасивме од школарината затоа што не сакаме високо образование кое зависи од богатството на родителите," изјавила министерката за наука и кулура на Долна Саксонија, Габриела Хајнен-Кљајиќ.

1 октомври 2014 - 16:41