Гасот за Европа чека на неке документе

Сименс енерџи објави дека спорната турбина за Северен тек 1 е готова за испорака, само се чека Газпром да пушти некои документи за на царина за транспортот да може да тргне.

„Транспортот на турбината може одма да тргне. Германските власти на Сименс енерџи им ги обезбедија сите неопходни документи за извоз на турбината за Русија на почетокот од минатата недела.

Газпром е свесен за ова. Тоа што недостасува се царински документи за увоз во Русија. Газпром, купувачот, е должен да ги испрати нив,“ порачуваат од Сименс енерџи.

Сименс ја пушти турбината на сервисирање во Канада и е одговорен за нејзиното транспортирање назад во Русија. Враќањето се искомплицира бидејќи Москва бара конкретни документи кои ќе покажат дека трансферот не ги прекршува санкциите.

Газпром најави дека на 27 јули и втората гасна турбина од Северен тек 1 ќе биде пуштена на сервис, заради што капацитетот на гасоводот од сегашните 40% ќе падне на 20%.

Проблемот со овој проток е што не е ни приближно доволен за да ги наполни неопходните резерви со гас на Германија, за земјата да може да ја мине зимата без рестрикции.

27 јули 2022 - 09:33