ЕУ да глуми дека не ѝ е ништо

Путин цело време ја следи ЕУ и нејзините граѓани и чека кога ЕУ ќе „трепне“ и целата поддршка за Украина ќе се распрсне, предупредува Борел.

Борел ги алармира граѓаните на ЕУ дека Путин константно ја следи „истоштеноста на Европејците и колебањето на нејзините граѓани да ги сносат последиците од поддршката за Украина.“

Тој од своите сограѓани бара да го издржат притисокот, главно околу цените за греење и струја што ги очекуваат зимава.

„Ќе мораме да издржиме, да ги споделиме трошоците во рамките ЕУ,“ изјавил министерот за надворешни на ЕУ.

Следната недела Борел ќе има состанок со министрите за надворешни и одбрана на членките на ЕУ, кои треба да ги окуражи околу заедничкиот фронт против Русија.

25 август 2022 - 10:10