Џабе мачењето

По 3 години анализирање на 10 години тортура над секакви заробеници, комитетот на американскиот Сенат дојде до заклучок - тортурата не функционира.

Она што нагалено администрацијата на Буш го викаше "унапредени техники за испитување," не донело никакви значителни резултати во убиството на Бин Ладен, а многу малку помогнало и во генералната борба против тероризмот.

Извештајот на Комитетот се базира на анализата на милиони страни документи од ЦИА, во кој биле опишани и најужасните детали за тортурата.

Во 2009-та Републиканците се повлекоа од истражувањето, бидејќи заради правни причини, Комитетот не можеше директно да ги интервјуира сведоците за да ги потврдат тврдењата во документите.

27 април 2012 - 15:28