Црвениот крст на бандаж

Само што се олабави од обвинувањата за трошење пари од донации на ручеци и БМВ-а, кинескиот Црвен Крст сега заглави на велосипеди.

Во провинцијата Шенси, илјадници поранешни работници добија на поклон нови велосипеди од Црвениот крст кои вредат по 115 долари. Кога би биле оригинал. А не се.

Медиумите веднаш забележаа дека такви велосипеди можат да се купат на кој било пазар за 15 долари. Втората работа што ја забележаа, е дека овие не се купени ни на пазар.

Велосипедите на Црвениот крст, всушност се рачно составени во семејна работилница од фалсификат делови за велосипед.

Прв што го издаде Црвениот крст, беше директорот на авио-компанијата AVIC, кој се пожалил дека уште пред успее да ги подели сите 2.000 велосипеди, почнал да добива толку жалби и рекламации, што се јавил во организацијата и побарал да дојдат да си ги земат.

Претходно еден од директорите на организацијата во Шангај, беше фатен како ги троши добротворните донации по ручеци и вечери. Додека неколку директори на Црвен Крст во Пекинг се обвинети дека со пари од организацијата купувале по два автомобили - БМВ 7 и Ауди 8.

3 мај 2012 - 10:51