Како функционира Еврогрупата?

Поранешниот грчки министер за Јанис Варуфакис решава да обелодени како всушност функционира Евро групата, односно како изгледаат фамозните состаноци на министрите за финансии на 19 членки на еврозоната. Сосе пикантерии од типот кој каде седи и како министрите од источна Европа меѓусебе се тркаат кој повеќе ќе му се упика на германскиот министер Волфганг Шојбле. 

Најзанимлив дел од целата приказна е самата структура на состаноците од кои сите европски институции стрепат а граѓаните на Европа чекаат зрели, издржани и дебело поткрепени заклучоци.

Имено, според Варуфакис, тие состаноци имаат два дела:

Прв дел: Час и половина (некогаш и помалку) секој од присутните го кажува своето мислење и гледиште на темата.

Втор дел: Шест до седум часа дебата и ценкање како ќе изгледа коминикето кое ќе произлезе од состанокот!

Притоа, никој пред себе нема ни податоци, ни фајлови, ни ексели, ни табели ни ништо. Чисто политичко буткање на рака.

7 март 2016 - 21:58