Талибанците цело ова време да ти правеле спортски автомобил

Откако Талибанците ја земаа судбината во свои раце, економијата на Авганистан колабираше, повеќе од милион жители се отселија, а на оние што останаа животот им се претвори во пекол. Сепак, тоа не ги спречи да го промовираат својот прв автохтон тркачки автомобил. 

Првиот авганистански спортски автомобил е Мада 9, за кој од спецификации единствено се знае дека работи со мотор од Тојота Корола од 2000-та.

Сепак, достигнувањето не помина незабележано од Талибанците кои веднаш го прогласија за национална гордост.

Нивниот портпаролот, Забихула Муџахуд, на Твитер сподели видео каде што автомобилот „дрифта“ во снег. 

30 луѓе работеле на создавање на возилото, дизајнери од студиото Ентроп и инженери од техничкиот институт во Авганистан. Првиот човек на институтот изјавил дека возилото е „доволно моќно за да забрза“ и дека крајна цел им е да му вградат електричен мотор.  

Мохамед Риза Ахмади, дизајнерот на Мада 9, се надева дека автомобилот ќе претставува светилник во овие тешки времиња за Авганистан. Кажа и дека имал понуди за откуп, но дека автомобилот не е на продажба а дека планира да го изложува, и во Авганистан и надвор од земјата. 

Изложбите меѓу домашните, веројатно изгледаат некако вака:

16 јануари 2023 - 10:32