Арам за кроасанот

Сириските бунтовници познати и по тоа што чат-пат ќе им протече некое видевце во кое некому сечат глава, решија дека во моментов постои ургентна потреба да се проговори против "колонијалното" пециво наречено кроасан.

Шиитскиот комитет од сирискиот град Алепо кој го држат бунтовниците го забрани кроасанот и го прогласи за "арам".

Клерот од Алепо кој важи за еден од поумерените, процени дека кроасанот е колонијална измислица која и по самиот свој облик на полумесечина ја слави европската хегемонија над Исламот.

Претходно преку Фејсбук, истиот комитет објави уште пар фатви: една против жените кои носат шминка и тесна облека која ги покажува нивните облини и другата за оние кои не постат за Рамазан за кои следува една година затвор.  

2 август 2013 - 12:48