Американски судија бара Иран да им исплати 6 милијарди долари на жртвите од 11 септември

Секое семејство на загинатите од 11-ти септември треба да добие по 12,5 милиони долари за сопруг/а, 8,5 милиони долари за родител, 8,5 милиони долари за дете и 4,25 милиони долари за брат / сестра. На ова е плус и годишна камата од 4,96% која им се брои од 11 септември 2001 до денес.

Во пресудата како тужени се наведени Иран, Револуционерната гарда и Централната банка на земјата, и според нејзе тие се виновни за смртта на над 1.000 луѓе во нападите од 11 септември.

Истиот судија донесе слични пресуди против Иран во 2011 и 2016 во кои на земјата и наредува да им исплати милијарди долари штета на жртвите и на осигурителните компании.

Иран до сега не коментираше ниту една од овие пресуди.

И покрај обвинувањата, до сега ниту една истрага, вклучително и американската комисија за 11-ти септември, задолжена за „целосна и комплетна откривање на околностите околу нападите“ не најде докази за директна иранска поддршка, освен дека напаѓачите од 11-ти септември преку Иран патувале во Авганистан, без да им биде ставен печат во пасошот.

2 мај 2018 - 10:32