Сумирање на сите погрешни одлуки на САД

Америка го бомбардира сопственото оружје во Ирак

Паралелно со требењето припадници на ИСИС, американската авијација во секој воздушен напад со помош на милиони долари вредните ракети и проектили, уништува милиони долари вредно американско оружје.

Откако пред повеќе од десет години се заседнаа во Ирак, Американците потрошија цело богатство за тренирање и вооружување на ирачката армија, надевајќи еден ден таа ќе биде подготвена да се справи со закана од типот на ИСИС. Ова значеше вооружување на Ирачаните со сериозно модерни и екстремно скапo американско огнено оружје, тенкови, џипови, артилерија и сл.

Уште пред да се спакуваат Американците, сите се сомневаа во подготвеноста на ирачката армија да направи било што околу заштита на земјата. Во јуни годинава сите овие луѓе излегоа во право кога ИСИС направи блицкриг и секој ден освојуваше по неколку ирачки градови. По пат во секој град тие го собираа сето американско оружје што ирачката армија го оставала при паничното повлекување.

"Апсурдноста е: Америка користи американска воена опрема за да бомбардираат друга американска воена опрема сместена преку пола свет. Причината зошто американската воена опрема воопшто заврши таму, е затоа што во 2003-та САД мораше да ја користи сопствената војска за од ново да ја изгради ирачката армија, која само што беше уништена од страна на американската армија. Американското оружје што САД и гo даде на ирачката армија комплетно не помогнаа во подобрување на безбедноста на Ирак, и станаа алатки на група која излезе од ал-Каеда со кои таа ги тероризира Ирачаните кои САД наводно ги ослободија пред една деценија. И сега САД за да ја зголеми безбедноста на Ирачаните мора да користи американско оружје, за да го уништи американското оружје што на прво место им го даде на Ирачаните за да ја зголеми безбедноста на Ирачаните.

Апсурдноста продолжува: САД интервенира во име на Ирачките Курди, нашите сојузници, затоа што нивната армија има старо оружје од руско производство, додеа ИСИС, кој е непријател на Америка, има високо-квалитетно американско оружје," пишува Макс Фишер во Вокс.

Како дополнување на целата апсурдност е што успехот на ИСИС се должи на тоа што тие на располагање имаат огромна логистика во Сирија, каде што успеаа да освојат големи територии, само затоа што САД се двоумеше околу вооружување на умерените сириски бунтовници, од страв дека тоа оружје ќе падне во рацете на ИСИС.

"Ова му олесни на ИСИС во победата над умерените бунтовници, и сега ИСИС во Ирак заплени многу подобри верзии на оружјето кое ние стравувавме дека тие може да го запленат во Сирија.

Па сега бомбардираме оружје кое не сакавме да заврши во рацете на ИСИС, затоа што не им дадовме оружје на нивните непријатели бидејќи се плашевме дека тоа може да заврши кај ИСИС.

Не е само иронично, ова симболизира колку беа катастрофални последните 15 години американска политика во Ирак," објаснува Фишер.

 

11 август 2014 - 11:42