Ал Помада

Исламистичката група уапсена пред една година во Бирмингем планирала масовни убиства со отровни помади намачкани на кваки на паркирани автомобили.

"Секој што ќе ја допре кваката умира во следните 5 минути бидејќи отровот лесно влегува во кожата и го разорува организмот," признал водачот Имран Насер во тајно снимен разговор штотуку објавен во јавноста.

Упатства за подговотвка на помадите кои се невидливи на површината на која се нанесени добиле на обука во логор на Ал Каеда во Пакистан.

Британскиот огранок на оваа група дополнително планирала и 8 самоубиствени напади со експлозив во ранци кои беа фатени при апсење на членовите на групата.

"Бизнис планот" им бил да сотрат над илјада луѓе на островот.

27 октомври 2012 - 08:21