Ал-Каеда издиша

Денес Ал-Каеда е потрошена сила која не е способна да изврши уште еден напад налик на оној од 11-ти септември, тврдат американските тајни служби.

Заклучокот доаѓа на една година од убиството на Осама Бин Ладен, и во него се тврди дека моќта на Ал-Каеда е сериозно намалена по Арапската пролет.

Тајните служби проценуваат дека барем во текот на следната година, екстремно е неверојатно да се случи хемиски, биолошки, атомски или радиоактивен напад од организацијата.

Тие ја оставаат можноста за појавување на "осамени" терористи (како оној во Франција), кои би извршиле напад на своја рака.

Иако се уште не се волни да прогласат дека Ал-Каеда на работ на "стратешки пораз," американските власти веруваат дека централната организација која некогаш беше основана од Бин Ладен, денес едноставно не е способна да организира такви ресурси или планирање кои беа потребни за нападите од 11-ти септември.

28 април 2012 - 19:08