Дилемата на нашето време

Зошто порно сајтовите имаат копче за шерување?

Порано или подоцна ќе приметиш дека некаде во околина на порно содржината што само што си ја поминал некој решил дека треба да ги има оние копчињата за споделување на социјални медиуми. Ова останува и покрај тоа што ненамерното пуштање порно по социјалните мрежи секогаш се наведува меѓу најголемите стравови на порно корисниците.

Прашањето од Мел магазин е: "Зошто да промовираш споделување порно на места кои не сакаат да го имаат, и на луѓе кои не сакаат да ги откриваат своите порно навики?"

Дел од одговорите до кои доаѓаат пребарувајќи по интернет се:

- Тоа е сепак одлична реклама за порно сајтовите.

- Секоја стандардна ЦМС платформа доаѓа со вклучени додатоци за социјални медиуми.

- Некои корисници намерно споделуваат порно на мрежи како Тамблр и Редит, кои нудат поголема анонимност.

Освен Фејсбук кој е радикално против порното и прилично брз во отстранување на истото, останатите мрежи се конфузни околу својот однос кон порнографијата. Па на пример иако Тамблр дозволува содржини за возрасни, тие треба да бидат обележани дека се такви, плус не дозволува објавување видеа ако се хостираат на друго место.

Твитер е прилично отворен и се проценува дека дневно на мрежата се објавуваат околу 500.000 порно фотографии. Студија од 2015 тврди дека секој илјадити твит е експлицитен.

Иако не е дозволено, и на Инстаграм има порно, само треба да знаеш како да го најдеш.

Вака поставениот терен на социјалните мрежи, во комбинација со правилата на Гугл за рангирање на веб страни се главното објаснување за копчињата за споделување на порно сајтовите.

Герион Хол од аматерскиот порно сајт Аби Винтерс објаснува:

"Порнографите го знаат она што го знаат сите сопственици на сајтови: Гугл повисоко ги рангира страните кои се споделени на социјалните медиуми.

Најголемиот дел од порно страните имаат свои профили на социјалните мрежи каде објавуваат 'питоми' слики, ама мрежниот ефект на кој сите се надеваме се случува кога луѓето споделуваат линкови.

На нашиот сајт имаме избор на копчиња за споделување на социјални медиуми, но тие ретко се користат. Ама ако некој сака да споделува тогаш спремни сме."

Од Порнхаб на прашањето одговориле дека немаат никаква статистика за тоа кој ги споделува нивните содржини на социјалните медиуми. Компанијата годинава за 1-ви април на секој посетител на сајтот му пушти лажен поп-ап во кој го известува дека содржината што ја кликнал била автоматски споделена на сите негови профили на социјални медиуми.

13 јуни 2017 - 11:22