Зошто мажите ништо не памтат

Начинот на кој родителите зборуваат со своите ќерки е причината за тоа што жените многу побрзо пристапуваат до своите сеќавања, со многу повеќе детали и прецизност, во споредба со мажите.

Целата предност жените ја набиваат на возраст од 2 до 6 години, период во кој се формираат сеќавањата претежно преку разговори со други, а најмногу со родителите. Овие разговори се важни затоа што не' учат како да ги раскажуваме нашите приказни - "на пример, кога мајката го прашува своето дете за повеќе детали околу тоа што се случило на училиште, таа имплицитно пренесува дека овие дополнителни детали се клучен дел од приказната."

Дополнителна студија го анализира ова тврдење и стига до заклучок дека децата чии мајки инсистирале тие да им раскажуваат детални приказни, имаат многу порани сеќавања отколку децата чии мајки не ги барале овие дополнителни детали.

Со сето ова предвид, сосема друго истражување заклучува дека мајките на различен начин разговараат со синовите и ќерките. Кога се во муабет со женските деца мајките вклучуваат многу повеќе детали и прашуваат повеќе за нивните емоции, додека со синовите минуваат повеќе време зборувајќи што тие треба да направат со нивните емоции.

"Пораката што ја добиваат девојчињата е дека зборувањето за сопствените чувства е дел од опишувањето на еден настан. А што се однесува за момчињата, емоциите се нешто за што треба да си загрижен кога се дел од некој поголем проблем, а во спротивно не треба да те загрижуваат. Сосема е можно дека овие тенденции им помагаат на жените да воспостават повеќе врски меѓу различни настани во нивниот мозок, што доведува до подобра долгорочна меморија.

Сеќавањата не се некоја формирана целина сместена во мал ќош од мозокот. Туку, шаблон на ментална активност, и колку повеќе влезни точки имаш до тој шаблон, толку се поголеми шансите да стигнеш до нив," објаснува психологот од Хамилтон Колеџ, Азриел Грајсман.

Самиот Грајсман признава "јас мислев дека имам добра меморија се додека не се оженив. Сега сфаќам дека се повеќе и повеќе не се сеќавам, во споредба со другите. Датуми, факти, бројки - со нив сум одличен. Ама во овие работи ние не наоѓаме разлики меѓу половите. Можам да ти ги наведам сите победници на Стенли купот од 1914-та, ама не можам да се сетам на разговори."

22 септември 2014 - 10:16