Во загадувањето е иднината?

Компанија од Британска Колумбија работи на технологија која го собира јаглерод-двооксидот од воздухот и го претвора во гориво. За сега работат на првиот дел од проектот.

Замислата е јаглерод-диоксидот да го собираат со огромен ѕид од вентилатори, и потоа тој треба да биде споен со водород. Ова ќе формира јаглеводород кој потоа би бил преработен во дизел. Со согорувањето на горивото, во воздухот повторно се ослободува јаглерод-двооксид кој потоа пак се преработува.

Демо фабриката што Карбон Инженеринг ја гради во Канада ќе собира околу 500 тони ЦО2 годишно, што е речиси колку загадувањето од 33 просечни Канаѓани.

24 јули 2015 - 09:55