Улогата на Џедаите во гласањето за Брегзит

Аналитичарите и медиумите до сега прописно ги истранжираа резултатите од британскиот референдум по сите можни демографски линии. Останува уште да видиме како гласаа Џедаите. Не се многу, ама, со нив е Силата.

Според британските пописни податоци на тема религија, во Англија и Велс постојат повеќе од 175.000 припадници на Редот на Џедаите.

Иако потекнуваат од една галаксија far, far away, Џедаите некако најмногу ги има во градот Брајтон. Ако се сетиме како оној деспот Палпатин речиси ги истреби, разбирливо е што се дадоа во бегалско стампедо.

И, како тие гласаа на референдумот? Пo истата онаа статистичка методологија по која се утврди дека за излегување гласале необразуваните и  глупите (што знае да биде доста манипулативна техника бидејќи утврдува корелации а не каузалитет: по тој метод можете да тврдите дека плавуши биле за излегување ако некој регион со поголема концентрација плавуши гласал така), се добива слeднава слика:

Постои тенка но забележлива индикација дека регионите со големо џедајско присуство гласале за останување во ЕУ. Што има логика со оглед на тоа што Џедаите ја предводеа борбата против сепратистите за време на Војната на клоновите, давајќи сè од себе да ја одржат Републиката и таа да не се распадне во изолирани системи. Ок, некои преживеани Џедаи ровареа да ја дестабилизираат Галактичката империја кога Палпатин дојде на власт, но ним намерата секогаш им беше да создадат нова, некако пољудска република.

Со 72, 2% општа излезност, речиси сигурно е дека Џедаите гласале, и тоа гласале за останување. Не успеаа но пробаа. А мастер Јода секогаш им викаше:

*********************

* Туку, што стана со македонските Џедаи?

28 јуни 2016 - 14:27