Така говореше Путин

Функционери низ цела Русија за празниците на подарок добија книга од 400 страни со "пророчки" цитати од претседателот Владимир Путин. Колекцијата е под наслов - Зборови кои го менуваат светот.

Книгата на околу 1.000 луѓе им ја испраќа еден од највисоките соработници на Путин, Вјачеслав Володин, а на листата има пратеници, регионални гувернери и локални владини претставници. Колекцијата цитати е придружена со писмо од Володин, во кое тој објаснува дека таа треба да се гледа како водич за "вредностите и водечките принципи" на Кремљ.

Во книгата се содржани и текстовите од 19 говори на Путин, а клучните цитати во овие говори се нагласени со здебелени букви. Уредувањето и издавањето на книгата е дело на Мрежа, про-Кремљ младинското движење.

Кремљ не сака ништо да има со книгата, а портпаролот на Путин, Дмитри Песков, изјавил дека нема чуено за книгата ниту за нејзиното споделување.

29 декември 2015 - 15:15