Средовечна криза, омилениот машки мит

Има добра и релативно добра вест, добрата е дека средовечната криза не е неизбежна, релативно добрата е дека токму овие години (околу 45) веројатно се најдобрите години на вашиот живот, каде најголемиот дел од луѓето го постигнуваат својот пик.

Барбара Хагерти интервјуира околу 400 средовечни луѓе, и нивниот став околу своите години. Наоѓа пет начини на кои "ние погрешно ја разбираме средовечност."

1. Време ми е за средовечна криза.
Станува збор за ретка состојба која не ни приближно распространета како што тоа се мисли. Терминот е составен од канадски психоаналитичар, и се базира на неговата студија на уметнички гении и негови пациенти, кои во одреден момент од животот "паѓаат во егзистенцијален ужас дека немаат доволно време во животот за да ги остварат своите соништа." Од таму, книгата "Премини" на Гејл Шихи го претвора целиот концепт на средовечна криза во културолошки феномен што го симболизираат црвени спортски автомобили, давање отказ на работа и развод.

Проблемот е што вон поп-културата научниците речиси 20 години пробуваат да најдат доказ за распространета средовечна криза и не успеваат. Тие веруваат дека само 10% од популацијата доживува вакви кризи, а она што луѓето најчесто го нарекуваат "средовечна криза" е криза или проблем кој се јавува на овие години, како губење на партнерот, родител или работа, или преживување на некој сериозен здравствен проблем. Во најголем дел од случаи ова проаѓа.

2. Средовечните маки ќе ми траат до крај на живот.
Наспроти кризата што е ретка, средовечната досада е речиси универзална. Научници ја идентификуваат "полукружната крива на среќата," на која најниска точка е средината на 40-те години. Меѓутоа речиси неизбежно стануваш посреќен во 50-те години и така продолжуваш и низ 70-те. Една теорија е дека на оваа возраст се помируваш дека нема да бидеш милијардер, друга теорија е дека после 50 години мозокот едноставно одлучува да ги игнорира лошите вести и се фокусира на позитивното.

3. Мозокот ми стана каша.
Точно дека не можеш да запаметиш име на колега или телефонски број, ама тоа е затоа што твојот мозок моментално располага со сосема поразлична интелигенција отколку во 20-те. На 20 актуелна е "течната интелигенција," способноста за решавање нови проблеми, на 50 имаш "кристализирана интелигенција" составена од твоето знаење, експертиза, мудрост и вештина за навигирање на професионалниот и личниот живот, и таа само расте до 70-те.

4. Телото почнува да ми се распаѓа.
Чувството е дека единствена физичка активност за која си способен е стискање копчиња на далечинското. Иако така изгледа, тоа не е така страшно. Студии покажуваат дека спортистите кои се натпреваруваат на американските национални игри за сениори (над 50 години) имаат резултати на ниво на колеџ спортисти.

"Дополнително, вежбањето речиси е еликсир за мозокот во години. Студиите заклучуваат дека пешачење три пати неделно ја зголемува областа во мозокот задолжена за памтење, и го враќа часовникот во мозокот за барем една година."

5. Бракот ми ужас и мора развод.
"Е ова е вистински проблем." Од повеќето совети за избегнување на проблемот, Хагерти вади три:

- Додај нешто ново во рутината. Оди на танцување или изнајми камп приколка.
- Пробај да размислуваш како тим. Студиите покажуваат дека оние што вака размислуваат се посреќни и е помалку веројатно да се разведат по 20 години, во споредба со оние кои размислуваат само за себе.
- Фокусирај се на изградба на довербата за твојот партнер да стане безбедна зона за тебе, а не извор на закани. Последново не само што ќе ти помогне да го спасиш бракот, туку и ќе ти го промени мозокот.

15 март 2016 - 12:07