Шведска има телефонски број

Во Шведска е отворен телефонски број на кој по случаен избор ќе ви се јави некој од илјадниците Швеѓани кои се пријавиле да муабет со странци.

Бројот е +46-771-793-336 и на него прво ќе слушнете автоматска порака "Ја баравте Шведска. Наскоро ќе бидете поврзани со случаен човек од Шведска".

Досега преку 3.000 луѓе ја симнале апликацијата пријавувајќи се да бидат волонтери и да одговараат на меѓународни повици на секој што посакал да помуабети со Швеѓанец, на која било тема.

Идејата потекна од една шведска туристичка агенција која верува дека луѓето од Шведска можат да бидат најдобрите амбасадори на својата земја. Се разбира дека е можно да се добијат и идиотски јавувања но не страхуваат многу од тоа, бидејќи веруваат дека луѓето во суштина се добри створења.

38 годишниот Микаел Казарнович досега добил три повика: од еден Грк кој му е жалел дека е шворц и му требаат пари, од девојка од Казахстан на која дента ѝ било роденден и од готвач од Сибир. На Арвид Гина, студент по биологија во Упсала, му се јавил човек од Тексас кој сакал на некој Швеѓанец да му објасни дека не сите Тексашани носат каубојски шешири.

Дозволувајќи им на обични луѓе директно да комуницираат со странци, туристичките работници веруваат дека надвор ќе се добие многу поавтентична слика за нивната земја отколку што тоа би можело да се направи со класична маркетинг кампања.

А Шведска не е само првата земја во светот која има свој телефонски број. Имаат тие и свој национален твитер акаунт @Sweden, кој секој недела го менаџира различен човек со потполна слобода во име на Шведска да твита за што сака, пренесува Њујорк Тајмс.

9 април 2016 - 10:39