Русија: Многу американски нуклеарки се накотија околу нас

Американскиот ракетен штит (АБМ), кој вклучува неколку локации во источна Европа и бродови кои патролираат во близина на руските граници, му даваат можност на САД да започне "огромен изненаден нуклеарен напад на Русија".

"Присутноста на американските АБМ локации во Европа, и воените бродови со АБМ капацитети во морињата и океаните во близина на руската територија создадоа моќна опција за изведување изненаден нуклеарен ракетен напад на Русија", алармираше високиот руски воен функционер Виктор Позникир за време на конференцијата за разоружување во Женева.

Тој предупредува дека американскиот штит би можел да започне нова голема трка во наоружување, и дека неговите системи сместени на Аљаска, Романија и Полска ја доведуваат во прашање способноста на руската нуклеарна одбрана. Тој проценува дека САД до 2020 година ќе имаат до 1.000 ракети за пресретнување во близина на Русија, што е директна закана за руските ракетни капацитети.

Во пракса ова значи дека САД би можеле да ја нападнат Русија со нуклеарно оружје, а Русија да нема како да врати. Токму ова беше еден од главните аргументи на руското противење на изградбата на системот, и последователните тензии меѓу Москва и Вашингтон.

29 март 2017 - 11:34