Русија - Америка: Заради тебе експлодира ракетата

Американци: Русите ја лансираа ракетата и ракетата има руски мотори, што значи дека они се криви за експлозијата. Руси: Ракетата имаше руски мотори кои совршено работат, ама Американците ги модификуваа пред полетување што значи кај нив е кривицата за експлозијата.

Ракетата Антрес беше лансирана со АЈ-26 мотори кои се произведени во 70-те за потребите на неуспешната советска програма за стигнување до Месечината. Првите шпекулации за експлозијата беа дека токму советските мотори се главни виновници.

Според компанијата Кузнетсов, вината не е во нивните НК-33 мотори, кои се основата на АЈ-26, туку на дополнителните модификации што биле направени во САД.

"Заради одредени специфичности, не може да се зборува за деталите за изработка на самата ракета и за интеракцијата на нејзините системи за време на лансирањето, бидејќи ова е поле на американските специјалисти. Како и да е, важно е да се забележи дека за време на лансирањето АЈ-26 моторите за првата фаза, кои се модификација на НК-33, функционираа нормално," ја пренесува Итар-Тас изјавата на производителот Кунзетсов.

Од компанијата објаснуваат дека на НК-33 била извршена значителна модернизација во САД, вклучувајќи додавање на нови компоненти, плус целиот развој и сертификација била завршена од Американците.

НК-33 моторите оригинално се развиени за Н-1 ракетата за мисија на Месечината, ама откако ја откажуваат најголемиот дел од нив завршуваат во магацин. Во 90-те, американската компанија Аероџет Рокетдајн купува околу 40 советски мотори и почнува да ги модификува за користење на американски ракети.

Ракетата вредна 200 милиони долари носеше залихи за екипажот на Меѓународната вселенска станица. Освен парите, заради експлозијата НАСА ќе треба да одговара и за својата одлука на приватни компании да им ги аутсорсира мисиите за снабдување на вселенската станица.

Експлозијата на Антарес:

30 октомври 2014 - 12:43