Пепси ја направи најдобрата одмазда во историјата на интернетот

Минатата година Пепси Макс го снима виралното видео "Test drive" кое на ЈуТјуб беше изгледано над 40 милиони пати. Паралелно со ова се појавува и една група на скептици кои тврдат дека видеото е наместено. Еден од нив пишува за сајтот Jalopink.

Травис Окулски од Jalopnik прави детална анализа на видеото на Пепси, во која ги наведува сите моменти кои покажуваат дека видеото е режирано и наместено, и дека секој човек во него е платен актер.

По сето ова време Џеф Гордон (возачот од првото видео и НАСКАР возач) добива шанса да се одмазди. Пепси во соработка со колегите од Jalopnik го намамуваат Окулски во Северна Каролина. Таму Гордон го чека Окулски како возач на такси во соодветно маскирана Корвета Z06.

Потоа ова се случи:

27 февруари 2014 - 20:10