Скопски таксист на денот

Во кој и универзум да живеете, Славчо Мисевски живее во паралелен на него. Единствената точка во која можат да се сретнат тие два света е едно такси со кое тој шпарта по Скопјево. Но, под хауба Славчо крие една неуморна креативна машинерија. Копиљациве го имаат јутјуберот Џипи, ние сега го имаме Славчо. Кој е за ферка?

За сефте запознавање со гласот кој плени:

А сега Славчо надвор од студио, надвор од такси, надвор од сите стеги на овој свет.

Со еден од најенигматичните - Rosebud! - кадри кои сме ги виделе во живот (кога трча во црна бермуда и зелена маица, 2:10).

Одиме во трусното подрачје на Охрид, по што некои работи од тој регион стануваат појасни.

Дека креативноста не мора да се задржи на песна, сведочи авторскиот скеч "Убавата секретарка" во кој Славчо се појавува во двојна улога, и како интелектуалец....

  ....и како - хмм - убава секретарка:

Ок, сте виделе вие и поубави секретарки но не гледате често таква драмска луцидност која отпрвин ќе ве лови со навидум евтин хумор за на крај да ве закуца со неочекувана елегија. Ќе видите како е тоа изведено....

Не цвикајте, уште малку. Одиме со песната „Кажи ми“, топла, искрена, тажна, да ве распара.

Истата таа песна која овојпат има наслов „Talk to me“ што сугерира дека е испеена на англиски јазик. Но, не би да прејудицираме. 

Славчо, лепото људска, без ронка иронија - секоја чест. Во овој град преполн со трикотажни и конфекциски суштества, ти си шаренило кое ни ја враќа вербата во тој девалвиран поим.

22 септември 2017 - 12:13