Не издржа душа твитерџиска

СНЛ во саботата имаше скеч за компулсивното твитање на Трамп (совршено одглумен од Алек Болдвин) додека се подготвува да биде инаугуриран како претседател. Неполни 45 минути по емитувањето на скечот, Трамп твиташе за скечот за неговото твитање.

Иако до сега неколку луѓе од поставата на СНЛ го имаат глумено Трамп, Болдвин ја зафати улогата уште од претседателските дебати кога одлично го одглуми идниот претседател на САД.

Во скечот од саботата, Трамп за време на безбедносен брифинг ретвитува рандом твитови, и на секое ветува дека тоа му е последен пат.

Кратко по завршување на саботната епизода, Трамп се обрати на Твитер:
 

виа

Благодарејќи на материјалот што го Трамп секојдневно го обезбедува, СНЛ речиси во секоја епизода има по еден скеч со идниот претседател на САД.

 

5 декември 2016 - 10:45