Научниците удрија на ќумурот

Палењето ќумур испушта јаглерод-двооксид во атмосферата. Овој е еден од најштетните гасови што може да постојат, и влијае на создавањето на стаклена градина. Веројатно чекајќи некоја скара научниците решиле пресметаат колку многу се загадува по оваа основа. Извадени се од памет.

За време на една сеанса на скара готвењето со ќумур испушта 2,4 кубни метри јаглерод-двооксид во атмосферата. За да се заврши истата работа со скара на плин, во воздухот се испуштаат дупло помалку штетни гасови. Или, со плин се произведува ЦО2 исто колку и од возење мал автомобил на 13 километри. Кога ќе ставиш на ќумур, загадувањето е еднакво како автомобилот да минал 35 километри.

И покрај тоа што ќумурот за скара е супер-концентриран, негова мана е што тој троши огромни количини енергија (при што се ослободуваат подеднакво многу штетни гасови) пред да почнеш да готвиш (додека се распалува), и откако си завршил кога само тлее. За разлика од ова скарата на плин одма стартува и се гаси, ограничувајќи го испуштањето на ЦО2.

Единствена позитивна страна на ќумурот е што не е фосилно гориво, туку доаѓа од обновлив извор на енергија - дрвото.

17 јуни 2014 - 15:38