На Белата Куќа ѝ треба повисока ограда

Панел експерти утврдиле катастрофални фалинки во безбедноста на првиот периметар околу куќата во која живее американскиот претседател. Таканаречените елитни единици вежбале само по 25 минути годишно.

Итно поставување повисока ограда околу Белата Куќа е само една од ургентните препораки на панел експерти ангажирани од Департментот за внатрешна безбедност после серијата резили во првата одбранбена линија на американскиот претседател ( еден ирачки ветеран слободно се прекачи преку оградата носејќи нож со себе; подоцна објасни дека ситуацијата се распаѓала па морал да му каже на Обама). 

"Проблемите се толку сериозни што една ограда не може да ги поправи", се цитираат делови на извештајот кој се држи како доверлив.

Најкатастрофалните оценки одат на сметка на елитната единица кој го чува американскиот претседател. Се работи за мала армија од 1.300 лица кои експертите ги оценија како "необучени, недоволно тренирани луѓе на кои им недостасува професионална концентрација и вистинско лидерство."

Четворочлената комисија експерти утврдила дека агентите и офицерите често ги избегнувале неопходните тренинзи. Во просек, секој од нив минал само 25 минути тренинг во цела година.

Оградата е само едно од козметичките решенија па сепак ја обновува истата дилема која ја имаат семејствата кои живеат во неа последниве два века: како да се зголеми безбедноста на луѓето а истовремено од Куќата да не се направи застрашувачки симбол на една полициска држава, пишува Атлантик.

 

19 декември 2014 - 10:29