Машките криминалци се за во машки затвор

Не е првпат, а изгледа е и доста често, мажи осудени за сексуална злоупотреба на деца преку ноќ да го реобмислат својот родов идентитет. Откако во судницата „апансас“ ќе станат жени, често бидуваат затварани во женски затвори, но тоа не било случај и во овој случај. 

Дејвид Ортон е 25-годишник што затруднил 14-годишна девојка за која се знае дека припаѓа во категоријата „ранливи“. Минатата недела е осуден на девет години и шест месеци затвор. 

Иако и во овој случај има такви што веруваат дека, и покрај стореното злодело, треба да се внимава во кој род се зборува за човекот и дека треба да биде затворен во женски затвор, еден од нив не е судијата Спенсер, кој го стави во машки затвор и притоа му порача дека тој е човек што „претерано се самосожалува, што е опседнат со себе, и што не покажува ниту трошка емпатија ниту каење за своите постапки“. 

Она што го чини случајот особено трагичен е тоа што жртвата долго одбивала да поверува дека е сексуално злоупотребувана и ја побивала загриженоста на нејзините родители. За жал, оваа мисконцепција е често присутна кај жртвите од ваков тип, а Ортон се обидел да ги измами и родителите на жртвата глумејќи добронамерен. За среќа, тие не се фатиле во неговата замка и го пријавиле во полиција.

Без разлика на тоа како некој се идентификува, факт е дека 98% од осудените за сексуално насилство се мажи. По закон, силување е нешто кое може да го направи само маж и тоа генитално опремен со орган што (барем при раѓање) е ексклузивно машки. Згора на тоа, истражувањето на д-р Никола Вилијамс покажува дека речиси половина од затворениците во затворите ширум Британија, осудени за сексуални деликти, се идентификуваат како трансродови жени. 

Друго истражување укажува и на тоа дека хирурзите за промена на полот се свесни дека „дел од трансродовите лица инсистираат на промена на полот со цел да ја интензивираат својата интимност со деца“ за која сметаат дека ќе биде подобро социјално прифатена кога би се идентификувале како жени и би имале женски органи

2 декември 2022 - 15:45