Колку посамоуверен толку попаметен, па и да не е така

За да изгледаш самоуверен прво нешто што треба да направиш е да се убедиш самиот себе во нешто, без разлика колку тоа нешто нема врска со реалноста. Потоа на ред е да го убедиш остатокот од светот.

"Нашите резултати ја поддржуваат идејата дека лажењето на самиот себе го олеснува лажењето на останатите. Луѓето кои се претерано самоуверени се преценети, а поединците кои не се доволно самоуверени се потценети," објаснуваат истражувачите од два британски универзитети (Њукасл и Ексетер).

Затоа што во истражувањето се вклучени студенти по психологија и антропологија, предмети кои повеќе привлекуваат студентки, во анкетираната група преовладувале девојки. Она што истражувачите потсетуваат е дека претходните студии покажале дека мажите имаат тенденција да бидат премногу самоуверени, а жените недоволно самоуверени. Новата студија го демантирала ова и покажала дека самодовербата нема врска со полот.

Предупредувањето од истражувачите е дека треба да внимава и дека самодовербата има поголемо влијание на туѓите лични одлуки, како избирање партнер или ангажирање луѓе за работа, што може да резултира во поставување на овие луѓе на позиции (или давање животни улоги) кои не ги заслужуваат.

"Со други зборови, дури и ако си успеал, веројатно и понатаму ќе продолжиш да симулираш," пишува Тајм магазинот во анализата на студијата.

30 август 2014 - 16:53