Како исчезнаа парите од рапот

Фифти Сент после првите неколку години слава колективно го ставивме во папката нафатирани рапери, кои нема да треба да му ја мислат до крај на живот. А човекот трошел доволно многу за ова - до крај на живот, да не му биде гарантирано.

Во судската парница што ја покрена целата галама околу финансиската состојба на Куртис Џексон и банкротот кој следуваше по тоа, раперот мораше да покаже и каде ги трошел парите, за кои сите веруваа дека ги има.

Најголемите пари ги има изгубено на суд. 18 милиони долари кои треба да им ги плати на Слик Аудио за неисполнување на договор за создавање нов модел на слушалки, и 7 милиони долари за тоа што ја објавил приватната видео снимка од својата поранешна девојка.

Меѓу трошоците за живот најмногу пари одат за неговата куќа во Конектикат со 21 спална соба, 24 тоалети и ноќен клуб.

Одржувањето на куќата и останатите трошоци за домувње (кирија за домови на други локации) го чини 72.000 долари месечно, сума во која се влезени:

- одржување на дворот - 5.000 долари
- одржување на базенот - 1.500 долари
- обезбедување - 9.000 долари
- месечни сметки (струја, вода...) - 14.000 долари
- телефон - 600 долари

Човекот плаќа издржување на две деца, вкупно 12.000 долари месечно, и лизинг за Бентлито од 5.800 долари. Меѓу останатите месечни трошоци се:

- јадење и забава - 3.000 долари
- одржување на фризура и брада - 1.000 долари
- облека - 3.000 долари
- патувања - 2.000 долари

Според пресметката доставена во судот неговите редовни месечни трошоци се 108 илјади долари.

5 август 2015 - 11:29