ХБО заврши со тужба за мрчењето на Џон Оливер

Во 24-минутниот сегмент посветен на индустријата за производство на јаглен и плановите на Трамп поврзани со истата, Џон Оливер дигна на клоци се што најде пред себе, те претседателот, те индустријата, те гигантите за ископување јаглен. Една од овие компании инстантно одлучи да го тужи ХБО, затоа што според нив не е баш сè како што збори Џон Оливер.

Уште за време на подготовката на прилогот, кога ја контактирале Мареј енерџи, луѓето од Минатата недела вечерва не добиле одговор на прашањата, ама добиле писмо со предупредување веднаш да престанат "со какви било обиди за срамење, малтретирање или на кој било друг начин наштетување на г-дин Мареј или Мареј Енерџи" дополнувајќи дека "не постапувањето по овие препораки ќе резултира во инстантна тужба".

По писмото Мареј го доби стандардниот раскошен третман од Оливер, со сите придавки кои им дошле на памет на сценаристите на шоуто и обемен избор од грешки на компанијата на Мареј во минатото.

Три дена подоцна Мареј енерџи поднесе тужба против Оливер за извршување на "детално планиран обид за уништување на ликот и репутацијата" на Мареј и за емитување лажни тврдења за неговата компанија пред 134-те милиони претплатници на ХБО.

Во тужбата се тврди дека Оливер намерно игнорирал материјали и факти што Мареј енерџи му ги испратиле за потребите на сегментот. Како пример тие ја наведуваат несреќата со рушењето на рудникот во Јута во кој загинаа 9 рудари, што според компанијата е последица на земјотрес, додека Оливер тврдеше дека за тоа е виновна самата компанија и нејзините процедури.

Прилогот за индустријата за јаглен:

23 јуни 2017 - 09:54