Германија ќе дозволи само примерни џамии

Построги мерки против исламистичките трендови во Германија, што во пракса би значело затворање на сето она што се смета за исламистички џамии во земјата, е мерката што ја предлага вице-канцеларот Зигмар Габриел откако ИСИС ја презема одговорноста за нападот на Божиќниот пазар во Берлин.

"Салафистичките џамии мора да бидат забранети, заедниците мора да бидат расформирани, а проповедниците треба да бидат протерани што е можно поскоро.

Оние кои поттикнуваат насилство не можат да уживаат заштита на религиозните слободи," изјави лидерот на Социјал-демократите и германски заменик канцелар, Зигмар Габриел.

Во интервјуто за Шпигел, Габриел објаснува дека ако Германија сака да биде сериозна во борбата со исламизмот и тероризмот, тогаш тоа мора да биде и културолошка борба. Освен затворањето на џамиите ова според Габриел значи и "да не се запоставуваат урбаните области, селата да не бидат во депресија и луѓето да не стануваат се повеќе и повеќе радикализирани."

Забелешките на Габриел следуваат по маскарот на пазарот во Берлин, каде радикален исламист со камион влета во толпата луѓе убивајќи 12, а ранувајќи речиси 50 луѓе. За убиецот се покажа дека бегалец од Тунис, за кој се верува дека бил вплеткан во исламистички кругови. Тој исто така бил поврзан и со еден ирачки проповедник кој беше уапсен во ноември заради обид да регрутира борци за ИСИС.

7 јануари 2017 - 13:51