Еден космонаут и една жена

Eлена Серова ќе стане првата космонаутка која во последните 17 години била во вселената. Во исто време новинарите кои разговараат со неа имаат суштински прашања за мисијата - како ќе ја миеш косата во вселена?

Серова во изминатите 7 години вежба за космонаут и таа ќе биде 4-та жена што СССР или Русија ја има испратено во вселената. (Мала бројка и покрај тоа што во 1963-та, Валентина Тершкова беше прва жена во вселената.)

И за време на подготовките а и на последната прес-конференција пред тргањето Середова беше опсипана со прашања поврзани со нејзиниот пол: како прашањата за косата или како ќе ја одржува врската со нејзината 11-годишна ќерка.

На пресот во средата, на Серова и пука филмот и на уште едно прашање за косата, одговара:

"Може ли и јас да ви поставам прашање? Не ли ве интересираат фризурите на моите колеги?"

Серова за оваа мисија беше избрана во 2006-та, лично од првиот човек на вселенската агенција, Владимир Поповкин. Претходно таа работеше како инженер во РКК Енергија производителот на вселенски летала и во руската контрола на вселенските летови.

Таа има завршено инженерство на Московскиот Институт за Авијација, а инаку е родена во село во источна Русија. Серова има 38 години.

Еве го видеото од пресот (одете на 30 минути и 30 секунди):

27 септември 2014 - 19:35