Џон Клиз ги напна фановите на Трамп

Џон Клиз им има нагазено на нерв на разни носители на модерното време кое тој прецизно го опиша: „Живееме во време на шупци“. Кансел културата ја надитри со тоа што самиот се откажа од себе (што мора други да те откажуваат?) а со транс-лобито се справи кога им кажа дека сака да е камбоџанска полицајка. Овојпат од него се тригерна големо парче публика - фановите на Трамп. Големо чудо.

„Не те личи,“ му спомнуваа иксаџии на стариот монтипајтоновец, кои демек многу го почитуваат целото негово животно дело, ама, последново, ете, не го личи.

Еве го твитот:

Пет работи поради кои Хитлер е подобар од Трамп:

1. Тој се бореше за својата земја.
2. Никогаш не користел идиот (телепромптер).
3. Беше добар со кучиња.
4. Сам си ги пишуваше книгите.
5. Никогаш нема играно голф.
6. Не беше голема дебела мрза.

Пет работи поради кои Трамп е подобар од Хитлер:

1. Не посегна по геноцид.
2. Има пофина коса.
3.
4.
5.

Потоа ретвитна 15 твитови на кои не им се бендисала финтата, ама и 15 на кои им се бендисала. Веројатно чисто за да ја видат поголемата слика за да не мислат дека нивното ЧУВСТВО е врховен арбитар на светов.

Остана малку и да спарингува со идиотите кои го прашуваа дали стварно го преферира Хитлер пред Трамп. Некој му замери дека „оди по тенок мраз“ со таа заебанција, на што стариот му рече дека тоа и му е работа на еден заебант. А на некој што саркастично му рече дека најдобрите времиња на хуморот на Клиз се минато, го потсети дека има 84 години па онда, фала богу дека е така.  

На сите кои се најдоа разочарани или вознемирени од неговиот твит, Клиз им порача дека проблемот многу лесно се решава - да престанат да го следат.

****************

Види и:

Не дозволувајте разни Руменки да шират страв:
Барајте дебата, не цензура

 

 

 

 

29 декември 2023 - 10:35