Дневна доза проамериканизам

Гласачите во Орегон ќе добијат шанса да се произнесат дали треба од уставот да се избрише забраната за двобои меѓу политичари и државни службеници, воведена откако пред многу години се запукаа еден американски потпретседател и еден министер. Не звучи лошо за кај нас, а пошто сме со сите нишани сме либерални, кој сака, може и во Тирана да закаже. 

Законодавството во Орегон може да има невообичаено барање до гласачите на следните општи избори, да се произнесат по едно прашање кое ќе ги врати до еден кобен летен ден во 1804 година, кога непомирливото непријателство меѓу потпретседателот Арон Бур и министерот за финансии Александар Хамилтон, беше прекинато со еден фатален истрел.

Гласачите на Орегон би биле прашани дали 172 години старата уставна забрана за двобои меѓу јавни службеници треба да биде избришана од уставот на сојузната држава.  Иако се работи за сосема архаична забрана, бидејќи се работи за уставна промена, ќе мора да бидат прашани и гласачите. 

Инаку, тогаш победи Бур иако секундантите на Хамилтон тврделе дека шефот им изгубил со иле. Ако е така, илето му се позна само две години подоцна откако мораше да избега во Европа бидејќи во својата земја консензуално бил означен како предавник.

10 април 2017 - 17:15