Дејли Шоу рецензија на 2015-та

Главните вестите годинава беа масовно убиство, масовно убиство, масовно убиство, дали фустанот е син или бел, масовно убиство, геј права, геј не права, нов водител на Дејли шоу, масовно убиство, Ѕвездени војни.

Исто така годинава еболата беше искоренета во најголемиот дел од Африка (само за пак да пркне во Либија), а светска слава доби Мартин Шкрели човекот кој за 5.000 проценти ја крена цената на Дараприм, лекот кој се користи за помагање на имунитетниот систем на трудници и луѓе заболени со ХИВ, па го уапсија за други финансиски измами.

Да не се заборават бегалците и унгарската камерманка, како и глушецот што влече парче пица.

19 декември 2015 - 12:59