Дебелиот хејтер што ослабе 160 кила

Џеси Шенд од џаболебарење се зачленува на бодибилдинг-форум исклучиво за да тера сеир со членовите. Кога се зачленува, тежи над 300 кила.

На почетокот става лажна слика од себе, на што реагира модераторот на форумот, кој од него бара да стави вистинска фотографија. Реакцијата на Шенд е од типот „Сакаш вистинска слика? Ќе добиеш вистинска слика“, по што почнува пост во кој објавува фотографии од себе, со сите свои 300 кила.

Членовите на форумот (bodybuilding.com) наместо сеир (иако има и тоа) решаваат да го мотивираат и да му помогнат на Шенд. Тие почнуваат со давање најосновни совети за раздвижување, па продолжуваат со цели програми за вежбање и јадење. Дел од членовите дури и му подаруваат опрема на Шенд за да вежба. Еден од подароците е детски базен за во двор, за Шенд да може да се избања, бидејќи поради тежината речиси година дена се нема туширано.

За илустрација Шенд е толку дебел и со запуштена кондиција што едно од првите поголеми постигнувања му е што успева да направи 50 круга. 1 круг му е да отиде од дневна до кујна, кои се залепени една до друга. Главната порака му е, не комплицирајте и почнете редовно да имате физичка активност. Со нагласок на редовно.

 

27 август 2016 - 14:08