Дали од Кина и Русија треба да се бара демократија?

Најголемата грешка на претседателот Бајден е изјавата дека најголемата борба во светот е меѓу демократиите и автократиите, вистинската борба на светот е да живееме заедно и да ги надминеме нашите заеднички кризи на животна средина и нееднаквост, порачува професорот на Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс.

Сакс како човек што има работено и во Русија и во Кина, на форумот организиран од Њујорк тајмс и Фондацијата за демократија и култура, порачува дека Западот треба да ги измени своите очекувања од Русија и Кина, и да престане со непопустливоста во наметнувањето демократија.

Професорот објаснува дека различни општества имаат длабоко вкоренети различни политички традиции и култури кои се провлекуваат низ целата нивна историја.

„И овие култури се реални, тие се истрајни, тие се различни и тие не се рангираат на лесна скала што покажува која од нив е најдобра а која најлоша, како што ние би сакале,“ изјавува Сакс.

За него, Кина денес не изгледа целосно различна од времето на Хан династијата „централизирана административна држава со конфучиска култура“. Кај Русија пак „Путин многу наликува на цар и тоа не е случајно. Тоа е култура на авторитет и култура на традиција.“

„Можеш да бидеш демократ по дома и безмислосно империјален надвор,“ порачува Сакс околу начинот на кој Британија ја користи демократијата во 19 век.


Целата дебата:

27 октомври 2022 - 14:44