Бунт против топлата вода

75% од енергијата потрошена при перење алишта оди на греење на водата. Математиката е дека ако цел САД на една година прекине со перење со топла вода, ќе се заштеди иста количина енергија колку што произведува Хувер Дам во рок од 20 месеци.

Во аргументите против топлата вода се наведува дека освен ако не переш смрдливи алишта или памучни пелени, тогаш не ти треба топла вода, плус ладната не само што заштедува енергија туку и го продолжува животниот век на алиштата - ги заштитува боите и спречува стеснување.

Според советите за перење со ладна вода треба да се следат само 3 основни правила:
1. да се користат течни детергенти (по можност за ладна вода) затоа што на прашокот му треба топла вода за комплетно да се раствори и успешно да чисти.

2. да се користи соодветна количина детергент (премалку нема да испере, премногу ќе остави сапуница).

3. не ја пренатрупувај машината за алиштата да можат да се движат.

Џорџ Дворски од ио9 го дава следново објаснување на научна основа:

"Перењето опфаќа неколку хемиски реакции - реакции кои се забрзуваат на повисоки температури. Па, заедно со хемикалиите и механичката енергија, термалната енергија создадена од топла вода помага во отстранување на флекии други траги на нашата облека. Се до неодамна најголемиот дел од детергентите беа создавани да работат по овој концепт. Како последица на барањата за поеколошки решенија, производителите на детергенти сега најдоа начини како да создадат детергенти кои функционираат посебно добро и во ладна вода. Ама за да им успее ова, тие требаа да се снајдат околу некои доста проблематични хемиски ограничувања.

Еден од најголемите предизвици за развивање на детергент што функционира во ладна вода, или вода од чешма, е што температурата на водата од чешма не е конзистентна на различни географски локации и во различни временски периоди. На пример, 'ладна' вода во Флорида за време на летните месеци е околу 26 степени Целзиусови, додека 'ладна' вода во Минесота за време на зимските месеци може да падне и на 4 степени Целзиусови. Последователно, детергентите за студена вода треба да работат на изненадувачки голем спектар на температури.

За работите дополнително да се компликуваат, сурфактантите - аргатите кој ги содржи секој детергент - немаат добри перформанси со ладна вода. Овие хемикалии, кои сочинуваат 30 до 40 проценти од тежината на детергентот, ги креваат и ги отстрануваат флеките. Тие ја содржат класата на хемикалии натриум додецилбензенсулфонат - долги синџир на хемикалии наречени додекани.

Ричард Баглеј и Колин Мекдонлад во текст за ЦНет објаснуваат како функционираат сурфактантите:

Додекан формира долги синџири на молекули, слични на петрохемикалиите како нафтата. На ова е надоврзана алка од бензен, на која е закачена молекула од сулфат. Овие два дела фундаментално не се согласуваат околу една работа: водата. Синџирот од додецил ја мрази, и се' ќе направи за да избега од неа. Делот од бензосулфат ја сака водата и сака да и се приближи. Хемичарите овие карактеристики ги нарекуваат хидрофобични (мрази вода) и хидрофилични (сака вода), и оваа конфликтна природа е она што ги прави детергентите толку моќни. Синџирите додецил ја мразат водата, ама исто така се сакаат едни со други, а исто ги сакаат и останатите хемикалии како масти, шеќери, протеини и друго. Со други зборови: сите работи на вашите алишта што сакаш да ги нема.

Оваа тензија е она што ги чисти вашите алишта; хидрофиличниот дел се меша со водата за перење, додека хидрофобичниот дел од молекулот ги крева и апсорбира флеките и остатоците за тие да можат да бидат испрани. Сурфактантите работат на ист начин кога ќе бидат изложени на различни температури, само проблемот е што нивните перформанси можат да паднат при ниски температури.

За да го решат овој проблем, хемичарите на Проктер и Гембл - кои ја добиваат заслугата за оваа иновација - создаваат посебно формулиран систем на сурфактанти, кој може да се најде во два детергенти на Тајд. Нивниот систем ги надминува ограничувањата на три начини. Еве како ова ми беше објаснето преку меил:

1. Користиме различни видови на сурфактанти и во рамките на секој вид користиме синџири со различна должина. Ова ги прави системот на сурфактанти супер-брз и супер-респонсивен на широка лепеза на температури - дури и на 4 степени.

2. Исто така користиме и полимери - долги синџири на молекули - во високи концентрации кои служат како засилувачи на чистење и помагаат во отстранувањето на повеќе флеки - дури и мрсни флеки во ладна вода.

3. Користиме ензими како помош во распарчување на флеките кои потоа можат да бидат кренати од сурфактантите."

27 мај 2015 - 12:08