Гардијан за Инстаграмот на Пахор

Барбика, а не бараба

Уште од доаѓање на власт во 2012 словенечкиот претседател го користи Инстаграм подеднакво активно колку што Трамп го користи Твитер, само што кај првиов сè e далеку поопуштено.

Меѓу првите слики што ги има кај него на Инстаграм, Пахор е качен на камион за ѓубре, облечен во црвени работнички пантолони. Ова е некаде во времето пред претседателската кампања во 2012, која ја освои наспроти предвидувањата.

Меѓу фотографиите Пахор го има и со Наоми Кембел, Боно, Барак и Мишел Обама. За време на посетата на Египет во 2016 тој објавува фотографија како е седнат на скалите во Претседателската палата во Египет. Неговата поза на скалите фатија да ја копираат голем број од Словенците проследено со хаштагот “#boruting”.

Самиот Пахор признава дека постои ризик да биде сфатен како популист, и објаснува дека го прифаќа тој ризик порачувајќи дека "има разлика меѓу негативен и позитивен популизам". Моментално, околу 52% од Словенците имаат позитивен став кон Пахор, а само 16% негативен.

10 март 2017 - 16:26