"Банер" на шорцевите на Мејведер и Пакијао

Пакијао има гарантирани 80 милиони долари за борбата со Мејведер, без разлика тепал / изгубил. Овој вториов има гарантирани 120 милиони долари, исто така без услов. Тоа не значи дека тука треба да се застане со правење пари.

На овие пари, Пакијао ќе заработи и дополнителни 2,25 милиони долари од шорцевите со логоа што ќе ги носи на борбата. До сега 6 компании имаат купено "банери" на шорцевите на Филипинецот за борбата на 2-ри мај, меѓу нив Најк, Кафе Пуро и Ер Азија.

Кај Мејведер до сега е потврдена само компанијата за фантази спортови, ФанДуел, која има закупено место на појасот од шорцевите, плус брендирање на неговиот тим за време на викендот.

Централната позиција во рингот е откупена од Текате пивото, кои платија 5,6 милиони долари за да бидат официјално пиво на мечот и за лого сред ринг.

27 април 2015 - 15:27