150 Руси зад насилството во Марсеј

Француското обвинителство објави дека околу 150 Руси се одговорни за најголемиот дел од насилството што се случи во Марсеј пред натпреварот од Еуро 2016.

За време на речиси 3-дневните немири во Марсеј, повредени се околу 35 луѓе. До сега се уапсени 12 луѓе, од кои 6 Британци, 3 Французи, Австриец и двајца Руси. Последниве двајца се обвинети за проблеми за време не мечот.

"Имаше околу 150 луѓе кои во основа се хулигани. Тие се многу добро тренирани за ултра-брзи и ултра-насилни акции. Ова се екстремно добро подготвени луѓе," изјавил францускиот обвинител Брајс Робин.

Обвинителот не верува дека руските хулигани се "професионалци" туку само дека се "многу екстремни". Во Марсеј на денот на натпреварот имаше пристигнато околу 12.000 руски фанови.

Според сведоштва, нередите на стадионот започнуваат откако руските навивачи при крај на натпреварот запалија неколку бакљи. По ова неколкумина од нив ја прекачуваат оградата што ги дели од англиските навивачи и почнуваат тепачка со нив по која настанува стампедо. Најголемиот дел од 35 повредени во 3-дневните судири се Британци.

Додека рускиот министер за спорт изјави дека УЕФА со право започнала со дисциплинска постапка против Руската фудбалска унија заради навивачите, руски пратеник на Твитер ја критикуваше француската полиција и ги повика руските фанови да "продолжат со добрата работа."

"Она што се случи во Марсеј и останатите француски градови не е кривица на навивачите. Туку се работи за неспособноста на полицијата да организира и да одржи вакви настани."

 

"Не гледам ништо лошо во тепањето меѓу фудбалските навивачи. Напротив, нашите момци завршија одлична работа. Продолжите така."


Моментот кога руските навивачи влегоа во англиската трибина:


Другите тепачки низ Марсеј:

13 јуни 2016 - 14:15